Консалтинг

Финансиски Консалтинг

Во ДАНИК развиваме индивидуализирани сметководствени и деловни стратегии, внимателно усогласени со потребите и целите на секој клиент.
ДАНИК КОНСАЛТИНГ

Консалтинг поддршка за вашата компанија

Даник консалтинг во секој момент точно Ве советува за законските прописи од областа на даноците и сметководството, како и нивната секојдневна практична примена, потоа за данокот на додадена вредност, данокот на добивка, персоналниот данок на доход, царините, акцизите, со еден збор за сметководственото работење во целост. 

Во овој домен тимот на Даник консалтинг во секој момент точно Ве советува за законските прописи од областа на даноците и сметководството, како и нивната секојдневна практична примена, потоа за данокот на додадена вредност, данокот на добивка, персоналниот данок на доход, царините, акцизите, со еден збор за сметководственото работење во целост. Сево ова на нашите клиенти им е достапно во секој момент, вклучувајќи ја и можноста за мобилна комуникација.

Согласно Законот за трговските друштва и барањето на нашите коминтенти вршиме секаков вид регистрација, како и измени и дополнувања на регистрацијата на трговските друштва.

Брзиот развој на економските текови сe повеќе ги поттикнува компаниите да ангажираат надворешни стручни кадри од различни области. Даник консалтинг за тие потреби, сe повеќе се вклучува во контролата и развојот на компаниите во Република Македонија. За тие потреби изработуваме студии, програми и бизнис планови врз основа на кои ќе се утврди начинот на развој на компанијата, како и начинот за контрола на нејзината успешност.

Даник консалтинг долги години работи на проекти за проценка на вредноста на компаниите и учествуваше во трансформацијата на општествениот капитал. Проценката ја вршат овластени проценители согласно македонската позитивна законска регулатива.

консалтинг

Консалтинг услуги

Даник консалтинг во секој момент точно Ве советува за законските прописи од областа на даноците и сметководството, како и нивната секојдневна практична примена, потоа за данокот на додадена вредност, данокот на добивка, персоналниот данок на доход, царините, акцизите, со еден збор за сметководственото работење во целост. 

даник консалтинг

Како нашиот тим може да ви помогне да ги постигнете Вашите цели

01

Закажете 30-минутен консултативен разговор со нашиот стручен тим, со цел да ги разгледаме вашите цели и да утврдиме како можеме да ви обезбедиме соодветна поддршка. Разговорот, телефонски или преку Zoom, ќе ви овозможи и подетално запознавање со нашиот пристап, вредности и начин на работа.

02

Остварете средба со нашиот сметководствен тим со цел прибирање и анализа на потребната документација за вашето финансиско работење. Ќе ги разгледаме вашите приходи, трошоци, обврски и деловни трансакции, со цел обезбедување точна евиденција и целосна законска усогласеност.

 

03

Нашиот сметководствен тим ќе ви презентира персонализирани сметководствени решенија, осигурувајќи дека се усогласени со потребите и целите на вашиот бизнис, и ќе обезбеди јасни чекори за подобрување на финансиската евиденција и усогласеност.

 

 

04

Нашиот сметководствен тим ќе ви испрати детален извештај со препораки за оптимизација на финансиската евиденција и усогласеност. Ние ќе ги имплементираме и следиме овие препораки, известувајќи ве за сите промени и резултати.