Финансиско сметководство

Финансиско Сметководство

Во ДАНИК развиваме индивидуализирани сметководствени и деловни стратегии, внимателно усогласени со потребите и целите на секој клиент.
ДАНИК КОНСАЛТИНГ

Сметководствена поддршка за раст и стабилност

Сметководствени услуги за стартап бизниси, како и за мали и средни компании од областа на производството, трговијата и услужните дејности, со целосна усогласеност со законската регулатива и висок професионален стандард.

Услугата се однесува за пресметка на сите даноци на кои е обврзан клиентот согласно неговото работење и откако истиот ќе ги потврди пресметаните податоци од наша страна, со негова заверка или овластување на истите ќе бидат пријавени до надлежната институција.

Под останати јавни давачки се подразбираат сите останати давачки према државните органи на кои е обврзан клиентот а се во врска со финансиското работење на клиентот.

Финансиската и материјалата документација која е доставена од страна на клиентот се прокнижува и се составуваат налози за книжење во зависност од податоците за кои се однесува документацијата. Книжењето се одвива согласно позитивните законски норми, и формирањето на налозите се одвива со цел полесно снаоѓање и пронаоѓање на потребната документација за различни ситуации и потреби како за клиентот така и за останатите надлежни органи.

Целокупната примена финансово материјална документација на клиентот се евидентира и прокнижува преку конта и во зависност од обемноста на неговото работење истата се разложува на аналитички и субаналитички конта и организациони единици се со цел за поголема прегледност и подобар увид во неговото работење

Во зависност од работењето на клиентот и неговата активност кај одредени клиенти одредени институции повремено бараат податоци за неговото работење (НБРМ, Завод за статистика и други), кои извештаии и податоци се доставуваат од наша страна со предходно известување на клиентот. Во овие извештаии не влегуваат годишните завршни пресметки доколку не е поинаку со Договор договорено со клиентот.Подготвување на договори за вработување, дополнителни договори, наредби за престанок на вработување и нивно доставување. Подготвување хонорарни договори, сметки за награди и сертификати. Подготовка на платни списоци, потврди за вработување; пресметување на боледувања, лисја на отсуство. Подготвување документи за плаќање за порамнувања со буџетот. Пополнување книги за работа и книги за осигурување, пријавување за сертифицирање на периодите на осигурување.

Финансиско сметководство

Остварување на вашата замисла

Во ДАНИК обезбедуваме стручна сметководствена поддршка преку точна пресметка на придонеси, евиденција на осигурителен стаж и подготовка на потребната документација, со цел целосна законска усогласеност и сигурност.

даник консалтинг

Како нашиот тим може да ви помогне да ги постигнете Вашите цели

01

Закажете 30-минутен консултативен разговор со нашиот стручен тим, со цел да ги разгледаме вашите цели и да утврдиме како можеме да ви обезбедиме соодветна поддршка. Разговорот, телефонски или преку Zoom, ќе ви овозможи и подетално запознавање со нашиот пристап, вредности и начин на работа.

02

Остварете средба со нашиот сметководствен тим со цел прибирање и анализа на потребната документација за вашето финансиско работење. Ќе ги разгледаме вашите приходи, трошоци, обврски и деловни трансакции, со цел обезбедување точна евиденција и целосна законска усогласеност.

 

03

Нашиот сметководствен тим ќе ви презентира персонализирани сметководствени решенија, осигурувајќи дека се усогласени со потребите и целите на вашиот бизнис, и ќе обезбеди јасни чекори за подобрување на финансиската евиденција и усогласеност.

 

 

04

Нашиот сметководствен тим ќе ви испрати детален извештај со препораки за оптимизација на финансиската евиденција и усогласеност. Ние ќе ги имплементираме и следиме овие препораки, известувајќи ве за сите промени и резултати.